Завршена е санацијата и конзервацијата на дел од театарот во Стоби, догодина може да прими публика во гледалиштето

Петар Печков

Завршена е претпоследната фаза од конзерваторско-реставраторските зафати на Римскиот театар во Стоби. Со тоа се отвора можноста  веќе следната година, тој да биде да  ги прими посетителите од Фестивалот на античка драма „Стоби“, но и други настани. Пролетва се реализираше проектот за конзервација, реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на објектот - Римски театар, финансиски поддржан со годишната програма на Министерството за култура.

„Во текот на април, мај и дел од јуни, се спроведоа обемни активности за чистење, стабилизација и реконструкција на мермерните елементи, сѐ со цел театарот повторно да заживее како простор за јавни настани. Беше предвидено овој проект да се реализира во период од неколку години. Годинава добивме можност да го реализираме целосно, во една година. Се изврши конзервација на сите сочувани мермерни елементи од гледалиштето на театарот.  Седиштата беа пропаднати, не беа безбедни за публиката“ – кажа Марјана Филова, конзерватор во НУ Стоби. 

Досега биле  санирани евидентираните недостатоци, за да може да се стави  театарот повторно во функција. Во еден дел отстранети се мермерните блокови, дислоцирани се долу, треба да се извршат одредени археолошки истражувања и во септември да се вратат назад во гледалиштето. Со тоа комплетно ќе се заврши конзервацијата и реставрацијата на овој дел од театарот. 

Извршено е  чистење на мермерните блокови, кои сега се бели. Нечистотијата е резултат на близината на автопатот и интезитетот на сообраќајот по него, како и издувните гасови кои ги емитуваат возилата. Мермерните седишта биле прекриени со дебела наслага од нечистотија.

„Годинава ги исчистивме и посетителите можат да видат  разлика, како изгледал, колку бил убав. Се распознаваат различни бои на мермер, кој бил носен тука  при изградбата од близина, од прилепско. Се читаат и имињата изгравирани на седиштата, од фамилиите кои имале обезбедени седишта во театарот. Тие сега се почитливи и повидиливи. Целиот театар е стабилизран“ – рече Филова.  

Од  десната странана гледалиштето на театарот,  ги нема седиштата. Велат ако еден ден добијат  средства, кои не се така мали, би поставиле нови мермерни седишта, оти постојните се конзервирана структура. Или  недостигаат мермерни седишта за таа страна од театарот. 

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати