На езеро Младост откриени две мрежи за криволов од по 150 метри

Петар Печков

Рибочуварската служба заедно со волонтерите на Здружението на спортски риболовци „Бабуна“ од Велес  во акција на откривање на криволов на велешкото езеро „Младост“, при што се откриени две мрежи во должина од 150 м.  

Во текот на вчерашниот ден, среда, околу пладне, на езеро Младост се откриени овие две мрежи  „слепици“. Нивната должина поединечно од по 150 м.  Во мрежите имаше 40-тина парчиња риба, од различен вид и различна големина.   Рибите беа живи и во добра состојба па веднаш беа пуштени во водите на езерото , вратени се назад. Треба да се знае дека мрежите се одлично професионална изработка, големи  за мало езеро како што е велешкото   - изјави Мартин Павлов претседател на  ЗСР „Бабуна“. 

При акцијата  не биле откриени лицата кои ги поставиле  двете мрежи. Од неодамна рибниот фонд на езеро Младост е под концесија на ЗСР „Бабуна“, која ќе се грижи во наредните шест години.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати