На крводарителската акција во „Ѕkill up academy“, собрани 56 крвни единици

Петар Печков

Успешна крводарителска акција со „Ѕkill up academy", се одржа во просториите на компанијата на 16 март. Но поради настаните кој тој ден се случија во Кочани, трагедијата во дискотеката ПУЛС, акцијата беше  медиумски запоставена.

Заради организаторот, дарителите кои тој ден се јавија и даруваа крв, ТрМр побара информација од Општинската организација на Црвен крст Велес. Од таму соопштија дека на  акцијата пред еден месец  дарувале вкупно 56  крводарители.

Крводарителската акција заеднички е реализирана од  Општинската организација на  Црвен крст Велес, Институтот за трансфузиона медицина од Скопје  и"Skill up academy".

Оваа е четврта  година како се реализира акцијата. Најуспешна досега е ланската со 71 крвна единица, во првата беа собрани 42, лани 43.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати