На ул. Благој Ѓорев поставени нови 59 пластични контејнери, наместо метални

Петар Печков

Локалната власт ги обнови контејнерите за смет, кои се поставени на ул. Благој Ѓорев.  Во соработка со ЈКП Дервен поставени се 59 нови контејнери за комунален отпад, согласно програмата за управувње со комунален отпад, соопштија од Општина Велес. Така досегашните метални контејнери се заменети со пластични.

Од ЈКП Дерен за кратко стигна предупредување до граѓаните од оваа улица а кои ги користат контејнерите за фрлање на смет.

„По поставувањето на новите 59 контејнери за комунален смет на пофреквентите улици во градот, за жал некои граѓани комуналниот смет го оставаат на земја до контејнерите наместо во нив, иако тие се празни.  Со цел да се заштити животната средина и да се спречи растурање на сметот и ширење на непријатна миризба, Ве замолуваме сметот да го одложувате внатре во контејнерите а не околу нив“- ЈКП Дервен ги опомена  несовесните граѓани.

Други пак , иако има термини кога се собира картонскиот отпад, доцна попладне, го оставиле порано.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати