Петар Печков
Објавено: петок, 05 декември 2025
Општинската организација на Црвен крст Велес го одбележа 5-ти декември Светскиот ден на волонтерството. Тоа беше повод да се доделат признанија на волонтерите за нивниот несебичен ангажман, посветеност и придонес во заедницата. Тие се ангажираат без никаков надомест а во интерес на доброто на другите.
Признанието за најволонтер за 2025 година со повеќе од 200 волонтерски часови го доби Матеа Матева. За волонтери со дологодишен стаж, за животно дело, за развој и придонес и развој на Црвениот крст признанија добија Мирче Давчевски и Петре Петрушевски.
„Оваа организација е вплетена во мојот живот уште од најмладите години, со која растев како човек и хуманитарец. Ме научи на вредности кои не се заборават, ме научи на човечност, солидарност. Задоволен сум и исполет сум за се што вложив во организацијата. Апел до младите, хуманоста не е обврска, туку избор кој не прави подобри, да помагаме, да бидеме чувствителни на туѓата мака, да создадеме заедница каде добрината е секојдневие“ – рече Петрушевски.
Признанија за возрасната категорија волонтери добија Здружението „Акцијаш ветерани“ Велес, Слободан Бошков, Лидија Пљакова. Кај најмладите волонтери признанија добија Љубе Лазов, Христина Костовска, Мартина Ѓорѓиевска, Лана Басаров,
„Кај нас волонтерите нема броење на часови, нема делење на луѓето, работиме без да бараме надомест, финансиска или материјална, или било каква друга привилегија. Со овие признанија се истакнува значењето на волонтерската работа и улогата што волонтерите ја имаат во создавање подобро и похумано општество. Нивниот труд, одвоеното време и желбата да помогнат претставуваат пример за солидарност и општествена одговорност“ – кажа д-р Кевица Шопова Клифова претседател на ОО на Црвен крст Велес.
