Неготинец на мотор удрил во стадо овци и тешко се повредил

Петар Печков

Неделата напладне неготинец управувајќи мотор, удрил во стадо овци, кое било на локален пат. Згрижен бил во кавадарчката болница. Деталите од информацијата на СВР Велес.

„На 09.03.2025 во ОВР Неготино било пријавено дека околу 12.30 часот на локален пат село Дрен - село Чифлик, општина Демир Капија, мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од А.Б.(48 год) од Неготино, удрил во овци. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во општа болница Кавадарци“- соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол ан СВР Велес

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино.

Поврзани »

IQOS brand вработува

Придружи сѐ на нашиот тим низ цела Македонија! Почетна плата ДО 34.000 денари (хонорар + бонуси) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

  • да
  • не
Резултати