Нема ново заразени со ковид-19, бројката на активни случаи во велешко падна на 17 лица

Петар Печков

Во Велес  денес  нема нови случаи на лица позитивни со ковид-19.  Но затоа има четворица оздравени, тројца од нив се од домашно лекување и еден е испуштен од Инфективно одделение а по два негативни резултати на земениот брис, информираа од Центарот за јавно здравје Велес.

Така состојбата со активни случи во велешко денес е 17 лица.

Досега во велешко биле заразени 283 лица, 252 оздравеле, а 14 починале. Од активните случаи  10 се на домашно лекување, шест се на Инфективно одделение и еден е на Инфективна клиника.

На Инфективно одделение има 11 лица, девет се потврдено позитивни, двајца се испуштени по два негативни резултати од земениот брис, едниот од нив е до Велес. За две лица хоспитализирани таму се чекаат резултати.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати