Нема нов случај на позитивен со ковид-19 во велешко, но бројот на активни случи треба да загрижи, кажа градоначалникот Коцевски

Петар Печков

Во Велес и велешко денес нема ново заразени со ковид-19, но изминатите денови состојбата беше во прогресија. Министерството за здравство нема регистрирано нови случаи ниту на позитивни, ниту на оздравени.

Градоначалникот Коцевски апелираше до  жителите на општината, да се придржуваат до мерките за заштита,  оти бројот на заразени со ковид-19 во општината се зголемува.

Ова треба да не` загрижи, оти за последните десетина дена, според бројките на Центарот  за јавно здравје од Велес, имаме 31 ново инфициран, што е сериозно зголемување. Затоа треба да се почитуваат препораките за држење растојание и носење на заштитна маска - кажа Коцевски на денешната прес конференција.

Taа ce одржа по регистрираните случи на корона вирус на вработен во локалната самоуправа, локалната библиотека, и по два во ОУ Васил Главинов и Хемиското училиште Димитрија Чуповски.   

Во велешко има активни 36 случаи, досега се заразиле 309 лица, од нив 258 оздравеле а 15 се починати. Од активните случаи, 12 се згрижени на Инфективно одделение од велешката Болница а 24 се лекуваат дома. На Инфективно одделение хоспитализирани се 20 лица, од нив 18 се потврдено позитивни а за две се чекаат резултати од земениот брис.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати