Нема пари, нема прва награда на меѓународниот Стрип салон Велес 2019

Петар Печков

Вчеравечер во велешкиот Ликовен салон, беше отворена изложба на стрип, дел од делата кои учествуваа на 17-тиот меѓународен стрип салон ,,Велес 2019,.  Бидејќи немаше средства за првата награда, двесте евра, таа не се додели, туку само за второ и трето место.  На стрип конкурсот пристигнале  175 стрипови од исто толку автори  од 41 земја.   

Првата награда не се додели, бидејќи не обезбедивме  средства, не обезбедивме пари. Аплициравме и до Министерството за култура и до Општина Велес, каде не не` прифатија. Можеби тоа беше причина и што годинава немавме толку многу стрипови на конкурсот, како претходните години, кога ги имаше по 300 и 400 од цел свет - кажа Ване Трајков, претседател на Македонскиот стрип центар со седиште во Велес.

Втората награда на Меѓународниот стрип салон  ја поделија Кирси Салонен од Финска  и коавторите Џеф Дејер со Владимир Кузманов од САД. Третата награда жирито ја додели на Андромеда Дасар од Албанија, Навид Булбулија и Исмет Ердиќ, двајцата од БиХ.     

На изложбата се поставени и стрипови од втората стрип колонија, која летово се одржа во Велес, каде учествуваа 16 автори од пет земји. Најквалитетните дела од стрип конкурсот и стрип колонијата, ќе бидат објавени во ревијата ,,Стрип креатор,,.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати