Петар Печков
Објавено: сабота, 22 ноември 2025
Нивото на реката Вардар низ Велес во опаѓање, но северно од градот уште со висок водостој. Денес, сабота, во Велес, на мерно место Стар мост, измерени се 168 цм. Тоа е осум помалку од вчера а 16 цм од четвртокот кога беа измерени максимални 184 цм. Просекот за номеври за Велес е 73 цм.
Нивото на реката Вардар северно од Велес е со зголемување. Во Скопје е 152, десет повеќе од вчера, Јегуновце 202 или 20 цм поголемо ниво од петокот. Зголемено ниво има и реката Треска притока на Вардар, која кај Македонски брод е 137 цм. 30 повеќе од вчера, реката Пчиња кај Катлановска Бања е 150 цм. или за 37цм. поголемо ниво од вчера. Овој висок воден бран се очекува да пристигне во Велес во текот на утрешниот ден.
Реката Бабуна во регионот на Азот бележи драстично опаѓање. Од вчерашните 70 см падна на на денешните 34 цм. Просекот за Бабуна за ноември е 14 цм.
