Петар Печков
Објавено: среда, 28 јануари 2026
Ниските утрински температури не предизвикаа сериозни проблеми во водоснабдувањето во градот, според информациите од ЈКП Дервен. Мал е бројот на пријавени оштетните водомери, овие три седмици од јануари, откако температурата во утринските часови се симнуваше под нулата.
„Од почетокот на годинава од страна на граѓаните пријавени се 10 случаи на оштетени водомери од замрзнување, додека немаше ниеден случај на дефект на водоводни линии како резултат на ниските температури од почетокот на годинава“ – информираа од ЈКП Дервен на поставеното прашање.
ЈКП Дервен при крајот на минатата година а по најавите на метеоролозите за ниски температури, со препорака до граѓаните да ги заштитат водомерите.
фото интернет
