Нова контрола на УЈП во Велес, казнети седум трговци за неиздавање фискална сметка

Петар Печков

Нови седум  трговци во Велес, казнила инспекцијата на УЈП по контролите извршени  во периодот од 11.08 до 17.08 2025 година. Нив им се изречени парични казни, глоби, кои ќе бидат одмерени согласно големината на субјектот. Ова е трета контрола за еден месец, која ја реализираат инспекторите на УЈП.

Управата за јавни приходи (УЈП)  во овој период спровела  вкупно 243 теренски контроли  наа територијата на државата, за фискализација, насочени кон различни типови деловни субјекти, меѓу кои: ресторани, кафе барови, хотели, бутици, колонијали, цвеќарници, месарници и други трговски објекти за продажба на мало.

Од вкупно 243 контролирани субјекти, кај 37,4% односно 91 од контролираните субјекти биле констатирани неправилности согласно Законот за регистрирање на готовински промет. За утврдените неправилности донесени бил  91 прекршочни санкции – глоби. За седум субјекти, не е посочено во кој градови се,  поради повторено неиздавање фискални сметки во рок од две години, изречена е мерка за привремена забрана за вршење дејност (запечатување).

УЈП соопшти дека во Прилеп, Кавадарци, Велес и Кривогаштани извршени биле  42 контроли, a утврдени  12 неправилности, од кои две  во Прилеп, една  во Кавадарци, седум  во Велес и две во Кривогаштани;

Контролите биле извршени во Скопје 31 а утврдени 13 неправилности.

Во Битола, Охрид, Струга, Демир Хисар и Ресен извршени  67 контроли, а утврдени  12 неправилности, од кои 1 во Битола, 1 во Охрид, 6 во Струга, 1 во Демир Хисар, 3 во Ресен.

Во Тетово, Гостивар и Кичево извршени  44 контроли, а утврдени  29 неправилности, од кои 17 во Тетово, 9 во Гостивар и 3 во Дебар.

Во Куманово и Крива Паланка извршени  16 контроли, а утврдени се 2 неправилности, од кои во Куманово не се утврдени неправилности, а две неправилности се утврдени во Крива Паланка.

Во Струмица, Дојран, Гевгелија, Богданци, Василево, Пехчево и Берово извршени се 43 контроли, а утврдени се 23 неправилности, од кои: 12 во Струмица, 3 во Дојран, 4 во Гевгелија, Богданци без неправилности, 1 во Василево, 1 во Пехчево и 2 во Берово.

Во претходните две вакви конторли, во август, во Велес беа казнети четири, односи три трговци, поради неиздавање фисклани сметки. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати