Петар Печков
Објавено: четврток, 26 јуни 2025
Од творците на хитот Топ ган: Маверик, доаѓа високооктанскиот блокбастер на годината – Ф1! Во главната улога е Бред Пит, како поранешен возач на Формула 1 кој се враќа на патеката, а Демсон Идрис е неговиот тимски колега во измислениот тим АПХ ГП. Оваа адреналинска авантура нѐ води во срцето на светот на Формула 1, а снимена е за време на вистински Гран При викенди, каде што филмскиот тим се натпреварува покрај вистинските великани на спортот. Со приказната за аутсајдери, пријателство, храброст и со доза романтика, Ф1 нуди уникатно кинематографско искуство кое ќе ве остави без здив. Подгответе се за спектакуларна авантура која ги поместува границите на филмското искуство!
Роботот убиец кој ја освои поп културата во 2023 се врати. И овој пат не е сам. Оригиналниот креативен тим кој стои зад овој феномен, предводен од Џејмс Ван и Џејсон Блум и режисерот Џерард Џонстон, повторно покренува ново диво поглавје за вештачката интелигенција во филмот М3ГАН 2.0. Две години откако М3ЕГАН, чудото на вештачката интелигенција, се одметна и тргна во убиствен поход, поради што е уништена, нејзината креаторка Џема стана високо ценет автор и претставничка на надзорот на владата на полето на вештачката интелигенција. Во меѓувреме, роднината на Џема, Кејди, сега има 14 години и е тинејџерка која се бори против премногу заштитничките правила на Џема. Без нивно знење, украдена е основнататехнологија за создавањето на М3ГАН и е злоупотребена за да се создаде уште понапредно воено оружје, Амелија, врвен шпион за инфилтрирање. Но како што самосвеста на Амелија се зголемува, таа станува се’ помалку заинтересирана за примање наредби од луѓето. Или воопшто не саа да ги има во своја близина. Бидејќи иднината на човековата раса е на коцка, Џема сфаќа дека единствена опција е да ја воскрсне М3ГАН ( Ејми Доналд, гласот на Џина Дејвис) со неколку надградби кои ја прават побрза, посилна и посмртоносна. Додека патиштата им се вкрстуваат, оригиналната кучка на вештачката интелигенција ќе се сретне со рамна на себе.
Третиот филм кој се прикажува е продукција на Дизни, Лили и Стич, кој веќе еден месец е на врвот по гледаност во светот.