Новиот филм на Дизни студиото „Лило и Стич“ премиерно во Киноверзум

Петар Печков

Наредните седум дена, во Киноверзум Велес се прикажуваат три филма, еден е премиера.

Преработка на анимираната класика на Дизни „Лило и Стич“ е премиера. Филмот ја раскажува приказната за поврзаноста помеѓу осаменото девојче Лило и вонземјанинот налик на куче – Стич, кој е дизајниран да биде сила на уништување.

 Се прикажува и најгледаниот филм во светот, изминатиот викенд,  хоророт „Последна дестинација, наследства“. Мачена од постојан насилен кошмар, една студентка се враќа дома за да ја пронајде единствената личност што може да го прекине циклусот и да го спаси своето семејство од ужасната судбина што неизбежно ги чека.

На репертоарот е акцијата со Том Круз, како Итан Хант, филм чија приказна започна пред 28 години а последното  издание е осмо од Невозможна мисија, овој пат како финална одмазда.  Дејството на филмот се одвива по настаните на Невозможна мисија: Одмазда — Прв дел. Итан мора да уништи вештачка интелигенција што може да ја ослаби светската стабилност и да го спречи својот стар непријател Гејбриел. Том Круз 28 години го глуми главниот јунак, кој го спасува светот и стигна до осмото продолжение на „Невозможна мисија“.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како го оценувате, колку сте задоволни од решението за уредување на централното градско подрачје?

  • 5
  • 4
  • 3
  • 2
  • 1
Резултати