Нови пет случаи на позитивни со ковид-19 во велешко, еден оздравен

Петар Печков

Во текот на вчерашниот ден и претпладнево, стигнале резултатите за пет лица од велешко, дека се позитивни на ковид-19, соопштија од Центарот за јавно здравје Велес. Тројца од нив се од Велес и две се од Горно Јаболчиште.

Мажот  од Горно Јаболчиште е заразен од  домашен кластер, од семејството, додека жената не може да каже контакти со некое лице кое било заразено или сомнително.  Тие се на Инфективно одделение од четвртокот, поради симптомите кои ги имаат а вчеравечер се потврдено позитивни. Трите лица од Велес се жена која е вработена во Скопје и од таму е заразена, додека двете други лица се браќа, многу млади, кои се заразиле од семејство кое е позитивно. Оздравеното лице било на лекување во Инфективно одделение, два пати е негативно на земените резултати и денес ќе биде отпуштено дома - изјавија од Центарот за јавно здравје Велес. 

Бројките  покажуваат, вклучувајќи го и случајот на заразеното лице од Велес, кое отслужува казна затвор во Идризово,  дека досега во велешко има 195 заразени, 138  се оздравени, активни  се 44 лица, 13 починати,   30 на домашно лекување 13 на Инфективно и еден во Идризово. 

На петочниот прес на градоначалникот на Велес, Аце Коцевски, посочи дека неделава има тројца велешки полицајци, лица од СВР Велес кои се позитивни на ковид-19.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати