Нови 24 лица позитивни на ковид-19 во велешко, втор жител на Горно Јаболчиште починат за два дена

Петар Печков

Во Велес и велешко 24 нови случаи на позитивни со ковид-19 и петмина оздравени. Ова е билансот за изминатите 24 часа, кој го соопшти  Министерството за здравство. 

Бројот на активни случаи во велешко достигна 212 лица.  Дел од нив се згрижени во ковид центарот - Инфективното одделение од велешка Болница.  

„Вкупно се хоспитализирани 42 лица,  од кои  40 се потврдени позитивни и двајца пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 16 пациенти. Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Почината е пациентка на 39 годишна возраст од Горно Јаболчиште, позитивна и невакцинирана, лекувана  четири дена на Инфективно одделение“ - кажа д-р Елеонора Јованова портпарол на велешка Болница.

Ова е втора жртва за два дена жител нa Горно Јаболчиште, како последица на корона вирусот.  Досега во велешко како последица на ковид заразата починаа 181 лице.

Од згрижените пациенти во Болница, на  Инфективно се 40 а на  Интерно две лица.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати