Ноќеска во 23,45 ч. стасува летото, денес е најдолгиот ден во годината

Петар Печков

Вечерва  сабота, 20 јуни, во 23,45 часот  кај нас и на северната хемисфера започнува летото. Оваа сабота ќе биде најдолгиот ден во годината, летен солстициум, на северната хемисфера, а на јужната пак, ќе биде најкраткиот ден.

Во Велес овој 171-ви  ден во годината,  ќе трае цели 15 часа и 12 минути, а ноќта само 8 часа и 48 минути. Или сонцето изгреа во 4:59 а ќе зајде во  20:11ч. Веќе од недела  21-ви јуни , деновите ќе почнат да се скратуваат за по околу 2-3 минути, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа до зимскиот солстициум, зимска краткоденица на 21 декември 2020 година.

Поради елипсоидната форма на Земјата, должината на најдолгиот ден и најкратката ноќ се различни одејќи од екваторот кон половите, а различни се дури и во нашата држава.

На екваторот, денот и ноќта ќе траат подеднакво по 12 часа. На северниот пол, пак, денот веќе трае непрекинато 6 месеци, а на јужниот пол со слично траење од 6 месеци е ноќта.

Летото ќе трае 93 дена и ќе заврши на 22 септември во 15,30ч, кога на северната полутопка ќе почне есента.

Според долгорочните прогнози на големите светски метео -центри, ова лето на Балканот ќе биде доста топло и сушно.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали летово планирате да одите на одмор и ако одите каде?

  • да во Македонија
  • да во странство
  • не
Резултати