Обвинителството објаснува, внатрешната контрола на МВР треба да испита дали полициските службеници постапувале спротивно на прописите во случајот со убиството на Росица

Петар Печков

Прашањето кое јавноста го поставува – зошто никој не ја спречил трагедијата во Велес, двојно убиство и самоубиство. Се бара одговор кој потфрлил во заштитата на Росица К. (31 год) од Велес, која имаше десетина пријави против поранешниот партнер а  беше убиена од Илија С. (39 год).

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција посочува дека тие не можат да лоцираат директна одговорност кај полициски службеници, бидејќи тоа прво треба да го испита Внатрешан контрола при МВР.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР има надлежност за испитување дали полициските службеници постапувале спротивно на законските прописи во конкретниот случај. Доколку се утврди дека со дејствијата на полициските службеници се исполнети елементи на кривично дело, обвинителството ќе постапи согласно своите надлежности“, велат од Обвинителството.

Вчера СВР Велес ја објави целосната документација на пријави од страна на Росица К но и пријавите од Илија С.  Определените мерки на претпазливост поднесени по барање на ОЈО Велес а прифатени од Основен суд Велес, Забрана на обвинетиот да го напушти живеалиштето односно престојувалиштето и обврската обвинетиот да се јавува повремено на определено службено лице во просториите на МВР СВР Скопје ПС Кисела Вода, еднаш во седмицата, беа укинати по изрекувањето на пресудата, изречена од Основен суд Велес, кој беше објавена на 16 септември вторникот, ден по крвавата љубовна разврска и двојното убиство на Росица К и  татко и Киро К па самоубиство на сторителот Илија С. од Скопје.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати