Објавени конкурси за судија во Основен суд Велес и обвинител во ОЈО Велес

Петар Печков

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители експресно објавија конкурси за избор на судија и обвинител во Основен суд Велес и  во ОЈО Велес. 

И  во двете институции се бара по еден судија и еден обвинител.  Согласно на законот,  комисија ќе врши  рангирање на кандидатите, со интервју и бодирање а  кандидатите треба да имаат завршено Академија.  

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ вчера, среда ги додели уверенијата на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација во почетната обука на Академијата. Неа ја заврешија четворица кандидати од Велес.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати