Иванов кој го фати крстот на Водоци, со дел од собраните средства купи справа за вежбање на лицата со попреченост (фото и видео)

Петар Печков

Игор Иванов кој го фати крстот на Водици во Велес,  од собраните пари одлучи да купи справа за вежбање за лицата со попреченост. Тој со друштводо,  ја донираа на  Меѓуопштинско здружение на лица со телесен инвалидитет за општините Велес, Градско и Чашка „Мобилност“.  

„Заедно со моите другари од Превалец, одлучивме да дадеме мала донација за лицата со посебни потреби, оваа справа. Таа им е потребна за здрави навики“ – рече Иванов (33 год) кој е фудбалски судија во Првата македонска лига.  Крстот го фати меѓу 104 учесници, а скока по него 12 години претходно.

Тој има можност 40 дена после Водица да мине по домовите на велешани, кои го даруваат. Објаснува дека имало и верници од друга вероисповед кои оставеле пари.

„Благодарни сме што сме избрани за да ни донирате справа која е потребна за нашите членови. Таа е важна за животот на лицата со телесен инвалидитет“ – кажа Миланчо Арсовски, претседател на Здружението „Мобилност“.

Пред неколку години Димитар Чоков, кој е дел од друштвото на Иванов, кога во 2018 година го фати крстот на Водици во Велес, од собраните средства купи помагала за Здружението на лица со церебрална парализа.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2024?

  • имаше и убави и лоши работи
  • што поскоро да ја заборавам
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • постар/а сум за една година
  • како и секоја друга
  • ги помнам само убавите моменти
Резултати