Игор Иванов го фати крстот на Водици во Велес, по прв пат откако 13 години скокаше во Вардар (фото видео)

Петар Печков

Игор Иванов, фудбалски судија од Првата лига беше најумешен и го фати крстот на Водици во Велес (видео). Крстот беше положен во водите на реката Вардар  од Мало мовче, со чинот на кој чиноначалствуваше Владиката Агатангел. Иванов скокна по 13 пат и за прв пат успеа да го фати крстот. 

„Да се сакаме, да се почитуваме, да веруваме во Бога, за многу години денот на сите граѓани“ – кажа Иванов, кој има 33 години.   

Тој е од населба Превалец, семеен човек, кому на Божик му се родила ќерка, која го добила името Христина. Тоа е трета рожба во семјеството, по синот пак е крстен Стефан, додека ќерката е Исидора. Игор е во брак со сопругата Елена.

Годинава по крстот беа пријавени и скокнаа 104 лица. Игор со тајфата има можност следните 40 дена да ги посетува домовите на велешани и околината и да биде даруван од домаќините. Митрополитот на Повардарската Епархија, Владиката Агатенгел на Иванов  му даруваше  златно крвче, Библија и железен крст, со кој во следните  40 дена, ќе може да  ги посетува домовите  на  велешани, но и околните населени места. Годинашен кум на празникот Богојавление беше градоначалникот на Општина Велес Марко Колев со семејството.

Д-р Славица Нешова Пановски од дежурната екипа на службата за Итна помош, кажа дека немале интервенции кај лицата кои се пријавиле за фаќање на крстот.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија)
Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

  • дома
  • Грција
  • Црна Гора
  • Охридско езеро
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • Бугарија
  • Дојранско езеро
  • Бугарија
  • На планина
  • На базените во градов
Резултати