Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 февруари 2025
По 14 пат, неделата, се одржа „Февруарскиот поход“ на кој 350 учесници, пешачеа по патеките на партизаните од крајот на февруари 1944 година. Годинава освен учесници од Македонија имаше и од Србија. Тие по студено време пешачеа 15км по средно тешка патека, која ја помина за четири и пол а други и пет часа.
„Со ова наше дружење, пешачење оддаваме почит на учесниците на Богомилскиот марш, дел од Февруарскиот поход. Бевме и до Богомилскиот тунел, каде се воделе најтешките борби“ – кажа Зоран Игновски претедател на Спротско планинарското друтшво Зелен рај“ организатор на настанот, помогнат од Општина Чашка.
Маршот започна од железничка станица Гостиражни -прилепско, па учесниците продолжија до планинарски дом Стровија, до месноста Превој Железнички тунел Богомила и заврши до центарот на Богомила – пензионерскиот дом. Таму од страна на припадниците на АРМ учесниците беа послужени со ручек, гравче.
фото: Ратко Гинов/ ФБ ПД Гемиџии/ СПД Зелен рај/