Објавен документот за реновирање на дел од поранешното школо „Џинот“ во градинка, се бара мислење за можно влијание од градежните работи врз животната средина

Петар Печков

Министерството за социјална политика, демографија и млади ќе финансира реновирање на неискористени општински простории и нивна пренамена во предучилишни занимални за  проектот „Реконструкција со пренамена на училишен објект за групи во други просторни услови под ОЈУДГ “Димче Мирчев”, Општина Велес“
 
За таа цел, Општина Велес  го објави нацрт-документот „Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални прашања“ кој е ставен за јавен увид во наредните 14 дена. Документот го опишува влијанието врз животната средина и социјалните аспекти при реализација на градежните активности. Заинтересираните граѓани можат да достават коментари за Контролната листа со испраќање порака на следните е-пошти:
– marinela.velkovska@veles.gov.mk (лице од општината)
– zoran.apostoloski@mtsp.gov.mk (Единица за управување со проектот)

Како дел од Проектите за подобрување на социјалните услуги Општина Велес ќе реализира проект за реконструкција на дел од постоечки објект – поранешно основно училиште “Јордан Хаџи Константинов Џинот” со пренамена, (градежни активности и внатрешно уредување и опремување на објектот) со цел просторот да се користи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст во групи.

Реализацијата на проектот за реконструкција со пренамена на поранешно основно училиште во детска градинка ќе обезбеди просторни услови за згрижување на деца во предшколска возраст на ниво на Општина Велес. Pеконструкција се планира да се изведе на приземниот дел од вториот дел од објектот.

Проширувањето на капацитетите во предучилишните установи на подрачјето на Општина Велес претставува неодложна потреба за згрижување на 267 деца на возраст од 3-6 години кои немаат пристап до предучилишно образование.

Во вториот дел на поранешното старото училиште внатрешниот простор се планира да се прилагоди на постојниот конструктивен систем  и да се адаптира во мала детска градинка која во себе вклучува: 
•    Остава и магацински простор;
•    Дистрибутивна кујна;
•    Заедничка просторија;
•    Занимална за деца од 2 до 4 години;
•    Занимална за деца од 4 до 6 години;
•    Соба за вработени;
•    Тоалети за деца;
•    Тоалети за вработени.
Со проектот ќе се опфати реконструкција на просториите со опремување со мебел, нови подови, ѕидни обработки и нови плафони, нова внатрешна столарија и нова надворешна столарија.

Потенцијалните ризици и влијанија од имплементацијата се очекува да бидат привремени. Овие влијанија во проектот во Велес се поврзани со:
-Бучава и вибрации 
-Штетни емисии од прашина и гасови
- Генерирање на различни видови опасен и неопасен отпад
- Здравје и безбедност на заедницата
- Здравје и безбедност при работа

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати