Објавен јавен повик за работно ангажирање на невработени лица и лица корисници на гарантирана парична помош

Петар Печков

Објавен е  Јавен Повик за ангажирање на лица за извршување на јавни работи,  кои се приматели на гарантирана минимална помош и невработени лица. Тие треба да се со живеалиште на територијата на Општина Велес.  Општина Велес која го распиша јавниот повик има потреба од 10 лица за извршување на јавни работи во времетраење од 10 месеци.

Ангажираните лица ќе спроведуваат јавни работи од типот на чистење на улици, локални патишта, патеки, скали, чистење на водотранспортни објекти, чистење на снег од јавни површини, отстранување на наноси и одрони, фарбање на комунална опрема, чистење на јавни објекти, поставување на опрема, собирање на отпад, чистење на депонии, подигање и одржување на зелени површини и други слични работи по потреба.
Право на учество на јавниот повик имаат лицата корисници на гарантирана минимална помош и невработени лица, кои се  жители на територијата на Општина Велес

Временскиот период за ангажман на ангажираните лица е  со времетраење од 10 месеци, сметано од денот на потпишување на договорот, а месечниот надоместок  изнесува 20.000,оо денари со вклучен персонален данок за секое ангажирано лице. Повикот е со важнсот до 21 февруари.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали на Велес му е потребна освен постојната градска линија Автобуска- Железничка - Превалец и обратно , уште една линија на друга релација?

  • Да
  • Не
  • Треба постојната да биде на помалку од половина час
Резултати