Одбележан 21 август денот на Општина Чашка (фото)

Петар Печков

Со свечена седница Општина Чашка го одбележа 21 август, денот на општина. Годнава тоа се случи по 28 пат.

„Ако пред седум години од блокирана општина и период на големи кризи, денес Општина Чашка е со позитивно салдо и голем број на успешно реализирани проекти кои допринесуваат за подобар живот на граѓаните. Моја цел во наредниов период е да продолжиме како и до сега да создадеме подобри услови за живот во сите населени места со цел граѓаните да живеат подобро и подостоинствено“ – кажа градоначалникот Стојановски.

По предлог на основните училишта беа наградени најдобрите ученици за учебната 2023/24 Сара Димовска од ОУ „Тодор Јанев“ Чашка,.Михаела Блажевска од ОУ „Петре Поп Арсов“ Богомила и Мелекије Рамаданова од ОУ „Лирија“ Горно Јаболчиште.

По спроведениот јавен оглас се доделија и стипендии за талентирани ученици и студенти од општината за учебната 2024/25, Стефан  Трпков и Елена  Таневска  и двајцата ученици во  „Коле Неделковски“ Велес и Мартина  Коцевска „Димитрија Чуповски“ . За студент  стиупедниај доби Ивана Ефремовска –Социјалнаработа и социјанла политика, Филозофски факултетѕ Скопеј при УКИМ

Со одлука на Градоначалникот на општина Чашка, а по предлог на директорите од сите институции на територијата на општина Чашка се доделија награди за најдобри работници за 2023 година: најдобар просветен работник Ѓоше Манчев, најдобар социјален работник Дијана Мишевска, најдобар полициски службеник Марјан Павловски, најдобар административен службеник Марјан Јовановски.
.
Општина Чашка искажа огромна благодарност до институциите кои помогнаа и несебично дадоа свој придонес во зачувување на животната средина во општината, за справување  со пожарите кои ја зафатија оваа територија и тoа: СВР Велес, ТППЕ  Велес, Подржуница шумско стопанство „Бабуна“-ЈП Национални шуми,ЈП  за комунални дејности „Тополка“ Чашка. АРМ .-Команда за обуки и доктрини Велес, Здужението на граѓани за доброволна работа „Велешки акцијаши“ Велес, како и Хабитат Македонија кои дадоа свој придонес во подобрување на квалитетот на животот во населба Чашка преку реконструкција на објекти во кои се сместени лица од ранливи категории

Со одлука на Градоначалникот на општина Чашка по повод денот на општина Чашка беа доделени Пофалници за афирмација на општината на Проф Др.Ѓорѓи Малковски-за афирмација на Општина Чашка преку изработка на книгата „Монографија за Општина Чашка“ и Др.Драган Наумовски-за афирмација на општина Чашка, посебно на с.Горно Врановци преку изработка на книгата „Учениците од Горно Врановци-Изгубена генерација, заборавена историја“.

За своето хумано делување и несебично вложување во справување со последиците од елементарната непогода во Република Турција, Општина Чашка на овој ден изрази посебна благоданост до Дарко Давчевски и Раде Станковски


По повод денот на општина Чашка 21-ви Август после долг период е обновен возниот парк со две нови возила за потребите на општината. Застарениот со децении необновен возен парк, огромните финансиски трошоци за често сервисирање на веќе дотраените возила и неможноста вработените во локалната самоуправа непречено на терен да ги извршуваат своите работни задачи, беа повод општина Чашка за сопствени потреби да изврши набавка на две нови возила со единствена цел за подобрување на функционалноста на локалната самоуправа.

Вредноста на двете возила после јавната набавка изнесува 3,6 милиони  денари средства обезбедени од буџетот на општина Чашка кои ќе се плаќаат сукцесивно во наредни пет години.

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати