Полицијата ги едуцираше лицата вклучени во транспортот на обраното грозје

Петар Печков

На подрачјето на општините Градско и Кавадарци, полицијата  реализираше едукативна акција поврзана со отпочнување на сезоната на берба на грозје, односно со зголеменото користење и учество во сообраќај од страна на возачите на земјоделска механизација трактори и приколки.

„Во текот на активноста на граѓаните им беше укажано дека и за оваа категорија на возачи важи доследното почитување на законските одредби од Законот за возила, при што беше нагласено дека пред да се вклучат во сообраќај неопходно е да ги доведат своите возила во исправна техничка состојба, особено во поглед на светлосната сигнализација, како и уредите за управување и кочење“ – соопштија од МВР.

Целта на активностите била насочена кон подигање на безбедносната свест  на оваа категорија учесници во сообраќајот а во интерес на превенција на причините за случувањето на сообраќајни незгоди што се јавуваа кај тракторите и приколките а  најмногу се резултат на техничките недостатоци кај овие возила.

Акцијата ја реализирал  отсекот за превенција при СВР Велес заедно со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес, реализираа сообраќајно - воспитната активност.

 фото МВР

Поврзани »

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година. Детали

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година.

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Каде го минавте летниот одмор?

  • дома
  • на Охридско езеро
  • Грција
  • Црна Гора
  • Хрватска
  • Албанија
  • Турција
  • на Дојранско езеро
  • на планина
  • Бугарија
Резултати