Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 декември 2025
Oдбојкарите на ГОК Борец со значајна победа во Василево, против екипата на ОК Сушево со 1:3 (-22; 23; 21; 19). Ова беше натпревар на две екипи блиску на табелата, но велешани покажаа дека се подобри и славеа за пласман на третото место со 17 бода. Во следното коло, осмо, во среда во салата Гемиџии, дерби. Гостува лидерот ОК Штип кој нема пораз.
Во дербито на 6-тото коло од Првата футсал лига, КМФ Кеги моби дома загуби со убедливи 1:5 (1:4) од шампионот КМФ Форца. Велешани беа надиграни во директниот натпревар со екипа која како и домаќинот атакува на висок пласман. Така беше и претходното коло кога КМФ Кеги моби загуби во Гевгелија од КМФ Проект со 3:6, екипа која има амбиции за титулата. Тие во заостанат натпревар во дерби на непоразените го совладаа КМФ Форца со високи 6:1. Во следното 7- коло ново искушение за КМФ Кеги моби, гостуваат кај КМФ Клими, кој има еден пораз. Четирите екипи се на врвот и тие ќе решаваат за титулата првак.
Одбојкарките на помладиот велешки женски клуб ОК Виола волеј во 10-тото коло од Втората лига, победија со 3:1 (14; 17, -23; 18) над екипата на ОК Бами кор од Тетово, кои имаа две победи. По ова коло ОК Виола волеј останува на 9-тата позиција со 10 бода. Вториот велешки клуб натпреварот со ОК Јанта бутел, дерби на колото го одигра претходно и загуби со 1:3 и шести со 15 бода.
Овој викенд требаше да се играат четири кола од Првата пингпонгарска лига, но се одигра делумно две кола и тоа не целосни. Една средба одиграа пингпонгарите на ППК Борец ТИМ и победија со 4:1 над составот на ППК Дебаар маало.
Кошаркарите на КК Борец баскет натпреварот од 6 коло ќе го играат утре, вторник на МРТВ 3. Гостуваат во Свети Николе со КК Овче Поле. Тоа е средба на 4-то пласираниот КК Борец и петто пласираниот КК Овче Поле од Првата лига група Исток.
