Одржани 34-те Средби на извидници – Велес 2019

Петар Печков

Одбележувајќи го 67 годишното постоење и 70 години извидништво во Велес, градскиот Извиднички одред “Димитар Влахов”  изминатиот викенд . во извидничкиот центар “Голозинци“ ги организираше традиционалните 34-ти Средби на извидници Голозинци – Велес 2019.

На овие средби на извидници учество земаа 150 извидници од ИО “Браќа Миладиновци“, ИПО “Јадран“, ИПО “Галеб“, од Скопје, ИПО “Сидро“ и ПСИО, од Куманово ИО “Скаут“, од Прилеп ИО “Феникс“, од Штип ИО “Еквинокс“, од Битола ИО “Молика“, од Кочани ИО “Ластовица, од Крива Паланка ИО “НН-Борче“ и од Виница ИО “Армонија“. Меѓународниот карактер на 34те Средби на извидници го одбележаа гостите од Република Србија и тоа од Ниш со одредите ИО Мија Станимировиќ и ИО “Краљ Петар “.

Со оваа меѓународна средба извидниците од Велес во своето 67 годишно работење успееја да докажат дека знаат да организираат и да реализираат активности од меѓународен карактер. Во периодот од 1975 до 2019 година, успеваме да организираме триесет и четири  Средби на извидници, а кои што последните деветнаесет  беа од меѓународен карактер. Овие 34ти Средби ги организираме повторно на тема ориентацијата и топографија, сигнализација, игра како метод на работа во традиционалниот скаутизам - потенцира од ИО ,,Димитар Влахов,,. 

Средбите имаа и натпреварувачки карактер. Во  категорија истражувачи ровери  прво место освои патролата Архитект на ИО “Скаут“ –Куманово, второто место патролата Копачи + Стефан на ИПО “Јадран “ од Скопје,  а третото место го освои патролата Орион на ИО “Краљ Петар I “  од Ниш. Во категорија извидници прво место за патролата ,,Ние четворица,,  на ИО “Армонија“ од Виница, второто место патролата на ИПО “Јадран“ од Скопје – “Неаме име“ и трето место патролата ,,Загубените,, на ИО “Еквинокс“ од Штип.

Поврзани »

Ронтис вработува техничар во оддел одржување

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:
Техничар во оддел за одржување Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Велес е еден од малкуте градови во Македонија, кои немаат пешачка зона во центарот на градот. Дали сте за улица 8-ми септември од Сармаале до споменикот на Илинденците да биде затворена за сообраќај а тој дел пешачка зона?

  • да
  • не
Резултати