Од есен учениците во основното образование во Велес со училишни униформи

Петар Печков

Од есен учениците во основното образование од Велес, ќе носат ученички униформи. Ова го најави градоначалникот Марко Колев, при гостување на МРТВ. Истите ќе бидат бесплатни по родителите. 

„Учениците од прво до деветто одделение ќе добијат унифицирани ученички униформи, по три или четири за дете. Сакав ова да се воведе порано, но во општината имаше други приоритети.  Од почетокот на учебната 2026/27 година, сите ученици, во сите основни училишта ќе добијат униформи. Тоа беше и барање на голем број родители“ – објави Колев.

Соопшти и дека за оваа намена во секое од седумте основни училишта во општината имало обезбедено средства за набавка на униформи.

 фото интернет

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Кој ќе биде нов светски првак во фудбал?

  • Англија
  • Аргентина
  • Бразил
  • Германија
  • Португалија
  • Франција
  • Шпанија
  • некоја трета репрезентација
Резултати