Од есен 50 слободни места за бруцошите на Техничко -технолошки факултет во Велес

Петар Печков

На единствената високо образовна институција, која работи во Велес, техничко- технолошкиот факултет, од есен во новата академска година има можност да се запишат 50 бруцоши. 

Ова е согласно конкурсот за упис на  студенти во прва година,за академската 2021/22 година,  го објави  Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, во чии рамки постои и работи  овој факултет.  

Во двете насоки - прехранбена технологија и биотехнологија и за нутриционизам има слободни по 20 места во државната квота и по пет на двете насоки за вонредни студенти, или вкупно 50 бруцоши. 

Партиципацијата е 200 евра за државната квота и двојно повеќе, 400 евра за вонредните студенти.  И мината година, како и пред таа, имаше ист број слободни места за упис на студенти во прва година на Техничко -технолошкиот факултет во Велес. Наставата трае осум семестари.

Пријавувањето на кандидатите ќе биде во три уписни рока:  30-ти, 31-ви  август и 1-ви  септември;  15-ти  и 16-ти  септември и на  27-ми  септември.

Поврзани »

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Магационер
Техничар за одржување
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали ги чувствувате придобивките од примената на летно и зимско сметање на времето, кое е на сила од 27 март 1983 година, за тоа да продолжи да се применува?

  • да
  • не
Резултати