Од недела воведен полициски час од 21 до 6 часот

Петар Печков

Владата воведе ограничување на движењето, полициски час. Започнува од утре, недела, во периодот од 21 до 6 часот Ова го кажа во вонредното обраќање премиерот Оливер  Спасовски, што за првпат се носи во земјата и е најрадикална мерка со цел да се заштити здравјето на граѓаните.

Нема компромис кога е здравје на граѓаните во прашање. Веќе ништо не е исто, животот радикално се промени како кај нас така и во целиот свет. Таа ситуација бара радикално менување на нашето секојдневие", рече Спасовски. Тој им порача на граѓаните дека секој треба да се прилагоди на оваа крајно загрижувачка ситуација.

„Секој граѓанин е повикан да биде дел од заедничката битка и сите мора да се однесуваме и вонредно и најодговорно", порача Спасовски.

Забрана за движење на населението од 21 до 06 часот. Од оваа забрана се исклучуваат лица кои имаат потреба од итна медицинска помош, оние што се во  животнозагрижувачка сосотојба, како и лица за дијализа.  

Директорите на јавните здравствени установи ќе изготват список на вработени кои ќе имаат неопходна потреба за движење вон лимитираното време и ќе го дитрибуираат до Министерството за здравство за да се изготват специјални пропусници.  Со полицискиот час не се опфатени припадниците на МВР, на Армијата, на противпожарните единици, лицата од комунална хигиена кои се на работа.

Исто така се ограничува бројот на дежурни аптеки во време на полицискиот час во целата држава, а во нив пристап ќе имаат само лица кои извршиле медицински преглед во здравствена установа.

Такси компаниите да воведат дежурства со ограничен број на возила само за кон болничка установа или аптека, а возачите да бидат заштитени со маска и ракавици.

Меѓуградскиот и јавниот превоз да го ограничат превозот на патници на половина со растојание од 2 метри меѓу нив и исклучиво со носење заштитна маска и ракавици.

24 часа на ден се забранува групирање на повеќе од пет лица.

Поврзани »

ВОНРЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ВЕЛЕС

Почитувани, велешани, почитувани крводарители!
Поради вонредната состојба во државата има ниско ниво на залихи со крвни единици. Затоа Општинскиот црвен Црвениот крст на Велес во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина се одлучи во Велес да се одржи ВОНРЕДНА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА. Детали

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали граѓаните ги почитуваат препораките за заштита од корона вирусот, да останат дома, да има растојание кога се чека во редица пред банка, маркет?

  • да
  • не
Резултати