Од недела 26 март, летно сметање на времето

Петар Печков

Владата на вчера одржаната седница донесе Одлука за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2023 година.

Летното сметање на времето во 2023 година започнува на 26 март- недела во 02 часот, така што со поместување за еден час нанапред, времето во 02 часот се смета како 03 часот.

Летното сметање на времето завршува на 29 октомври недела, во 03 часот, така што со поместување за еден час наназад, времето во 03 часот се смета како 02 часот.

Потребата од донесување на оваа одлука е согласно Законот за сметање на времето и е во согласност со европски регулативи, се вели во владиното соопштение.

Во Република Македонија важи средноевропското зонско време.

Поврзани »

Вардар надоаѓа во Велес

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали имаше реални попусти за „црниот петок“?

  • да
  • не
  • зависи од дуќанот
Резултати