Петар Печков
Објавено: среда, 22 јули 2026
Од почетокот на месец јули мерните инструменти на Министерството за животна средина, лоцирани во населба Тунел во Велес не ги покажуваат измерените вредности. Толку време велешани не знаат каков е квалитетот на воздухот кој го дишат овој период. Но не само во јули, туку и седум дена во јуни, немаше измерени вредности на амбиентот воздух во Велес.
„Автоматската Мониторинг станица за мерење на квалитет на воздух во Велес – Велес 2, делумно во месец јуни 2026 како и од 01 јули 2026 година па наваму, поради дефект на уредот за прибирање на податоци од извршените мерења на инструментите (Data logger) не е во функција. Поради тоа, иако мерните инструменти се во работен режим, нема податоци од мерењата. Во моментов се прават обиди за надминување на проблемот. По завршување на сервисирањето и тестирањето на уредот за прибирање на податоци, истиот ќе биде инсталиран во станицата и податоците од мерењата повторно ќе бидат достапни“ – соопштија од Министерството за животна средина.
Ho чудни, неразбирливи пикови имаше во текот на април и мај месец. Така на 20 мај во 8 ч има измерено вредност на ПМ 10 честички во екстремна висина 185 мг/м3. На 9 мај во 9ч. 140 мг/м3. Во април таква ситуација имало на 16 и 24-ти со измерени вредности од 185 мг/м3 на ПМ 10 честички, во 11часот односно 21ч. што резултираше со над гранични дневни вредности со повеќе од дозволените 50 мг/м3. На 9 април во 9ч. биле измерени 140 мг/м3. Во остатокто од денот во 23 часа вредносит беа далеку пониски.Истовремено мерните инструменти на локалната власт, овие критични денови не регистрирале загадување на восдухот над граничните вредности.
Апаратите на Министерството за животна средина се лоцирани во дворот на детската градинка во населба Тунел покрај улицата Благој Ѓорев, на регионалниот пат Велес –Чашка и улицата Белградска на која во овој период се изведуваа градежни работи за нејзина реконструкција.
Последните три дена не се прикажуваат температурите од мерната станица Управата за Хидро метеоролошки работи во Велес. Таа работеше до петокот кога беа измерени максималните 40,1 степен, највисока температура во Македонија годинава. Потоа на страницата на УХМР на полето за Велес нема податоци. Мерните инструменти за температура, влажност, ветер, се поставени близу хелиодромот на велешка болница.
