Од сабота мостот на Вардар кај Башино Село отворен за сообраќај

Петар Печков

Јавното претпријатие за државни патишта , (ЈП ДП) доцна вечрва, петок извести  дека од сабота попладне мостот на реката Вардар кај Башино село ќе  биде отворен за сообраќај. Во текот на претпладнето ќе треба да се остранат насипите од земја, која служеше за блокада на сообраќајот. Попладнево ги добиле потребните дозволи од МВР, по што мостот ќе може да се користи.

„Врз основа на Одобрение за времена измена на режимот на сообраќај за време на санацијата на мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312 делница: Башино село – Велес, ќе го стави во времен режим на сообраќај.  Времениот режим на сообраќај ќе се одвива согласно со изготвениот Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со поставување на соодветна сообраќајна сигнализација и опрема на патот, а движењето на сообраќајот ќе биде регулирано со светлосна сигнализација по една сообраќајна лента по средината на мостот“- информираа од ЈП ДП.

Претходно поладнево од ЈП ДП  појаснија дека „Времен режим на сообраќај за регулирано одвивање на сообраќајот преку мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312  е до воведување во работа на идниот Изведувач на временото зајакнување на мостот“

Поврзани »

Генерацијата матуранти од Економското

Генерацијата матуранти од Економското училиште Јовче Тесличков 1976/80, 45 годишнината од матурата, ќе ја одбележат на 23 мај на мотел Гарденија. Заинтересираните да се пријават на тел. 075/204752 или 075/374952, Лила Пријавување до 10 мај

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали враќање на платениот паркинг ќе го реши проблемот со паркирањето во Велес?

  • да
  • не
Резултати