Од 25 мај и во Велес започнува со работа пункт за масовна вакцинација

Петар Печков

И Велес добива вакцинален пункт за масовна вакцинација против ковид-19. Тој ќе биде во  спортската сала на средното училиште „Коле Неделковски“ и најавено е дека ќе започне при крајот на месецов,  на 25 мај. Ова го кажа на денешната прес конференција градоначалникот Аце Коцевски. 

Досега велешани се вакцинира во пунктот за масовна вакцинација во Кавадарци и возрасната категорија граѓани во Здравствениот дом Велес,  каде досега се вакцинирани 1,4 илјади граѓани.

„До 20-ти мај треба да се завршат подготовките и да се опреми пунктот, на 21 и 22 е пробната вакцинација. Со големо задоволство можам да кажам дека претставници на бизнис заедницата од градот, одговорија позитивни и ќе се вклучат во опремувањето на вакциналниот пункт, некои со донирање на средства и опрема, други со финансии. Тие ја покажаа својата општествена одговорност. Не е лесна работа да се опреми и работи, туку треба континуирано да работи “ - кажа градоначалникот Коцевски.   

Пунктот ќе има 15 кабини, со по четири доктори и осум медицински сестри во една смена а ќе работи двосменски, во работата ќе се вклучат и волонтерите од Општинскиот Црвен крст. Во салата во тек се со градежни  активности а во наредните денови треба да се набават компјутери и печатари а ќе се постави  и агрегат. Во овој пункт ќе се вакцинираат граѓани освен од Велес и од соседните општини Градско, Чашка, Лозово.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати