Во дводневна крводарителска акција во гарнизонот на АРМ во Велес собрани рекордни 132 крвни единици

Петар Печков

Припадниците на АРМ уше еднаш ја покажаа нивната хуманост. Во велешкиот гарнизон, по повод 15 април денот на Командата за обука и доктрина,  се одржа дводневна крводарителска акција, првиот пат на 12 април и вториот денес  петок 19 април.

Поради големиот интерес на првиот ден од акцијата кога беа собрани 74 крвни единици, од нив  37 дарители за прв пат, се организираше и втор ден. Денес се собраа 48 крвни единици, од нив 24  лица за прв пат даруваа крв. Или вкупно во оваа акција, која е меѓу најуспешните во гарнизонот на АРМ во Велес, Алексо Демниевски Бауман, се собраа 132 крвни единици. Вкупно дарители за прв пат се  61 лице.

Крв даруваа професионални војници, офицери, подофицери, граѓански лица на служба во АРМ. Акцијата је спроведоа Општинската организација на Црвен крст Велес и Заводот за трансфузиона медицина од Скопје. На есен се одржува уше една крводарителска акција во оваа средина.  

 фото ФБ/АРМ

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

  • да
  • не
Резултати