Опожарена куќа во центарот на Градско, повредени лица нема

Петар Печков

Ноќеска е опожарена куќа во центарот на населба Градско, во која живеела една станарка. Пожарот е локализиран повредени лица нема. Детали од информацијата на Територијалната противпожарна единица од Велес, која го покрива и теренот во општина Чашка.

„На ден 10 април во 03:35 примена е дојава за запалена куќа на ул. Илинденска бр.8 во Градско. Територијалната Против Пожарна Единица Велес излезе на лице место со 2 противпожарни возила и шест пожарникари спасители. По пристигнување на лице место пожарот е затекнат во развиена фаза.  Благодарение на брзата интервенција на колегите пожарот е за брзо ставен под контрола и целосно ликвидиран. Во акцијата нема повредени“ – соопштија од ТППЕ Велес.

Изгорен бил целосно таванот од куќата а пожарот бил локализиран во 6,15 ч. утрово.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ќе ја помните годината зад нас, 2025?

  • што поскоро да ја заборавам
  • ги помнам само убавите моменти
  • постар/а сум за една година
  • ми донесе многу радости и убави мигови
  • како и секоја друга
  • имаше и убави и лоши работи
Резултати