Општината нуди 47 услуги, некои од граѓаните чекаат за документот и подолго време

Петар Печков

Педесетина илјади жители на Општина Велес имаат можност да користат 47 услуги, кои локалната власт ги нуди, согласно законската регулатива.  Од таму објаснуваат дека услугите се кон сите целни групи и се во согласност со меѓународниот стандард  ISO 9001:201.  Граѓаните во голем број ги користат понудените услуги. 

Во 2018 година Општина Велес процесирала вкупно 6597 предмети. Според влезно -излезната документација,  во сите области на обезбедување на услуги. Овој индикатор се разгледува на годишно ниво - стои во писмената информација од Општина Велес, за тоа колку велешани ги користат услугите, кои им се на располагање.   

Од 47-те услуги, најмногу 18 се од  областа на урбанизмот, 13 услуги се од областа на комуналните дејности,  6 се од областа на финансиите, 5 услуги се од областа на општествени дејности  и по две услуги се од областа на локалниот економски развој и од областа на општите, правни работи.

Граѓаните   можат да ги добијат преку  пишани формулари и информативни карти на услуги  во печатена верзија во Граѓанскиот сервис центар и во електронска верзија  преку  системот  на  е-услуги на официјалната веб страница на Општина Велес.

И додека  на хартија се е обезбедено за максимална транспарентност, во пракса граѓаните се судруваат со проблеми. Тие не се чести, но даваат слика дека не е се идеално. Како чести корисници повозрасната категорија граѓани,  не знаат дека општината дава можност услугата да се добие по електронски пат  без физичко доаѓање во локалната власт. Одговорот што тие го даваат е дека не знаат да работат со компјутер а помош од младите немаат. 

Има случаи кога поединецот се судрува со административните бариери.  Таков е случајот кога граѓанин има  проблем, не  може да добие решение за данок на имот.

Три години откако заврши оставинската постапка, ги поднесов документите, јас и по толку време  не сум добил решение за данок на имот - вели соговорникот.

Има случај кога е пробиен бил рокот за добивање на извадок од Генерален Урбанистички Период.

Заради приватизација побарав копија на ГУП. Ми беше најавено дека ќе го добијам документот за две седмици, минаа повеќе од еден месец - реагира граѓанин. 

Екологистите посочуваат   на рокот на добивање на ,,Б,, интегрирана дозвола, за ридот од троска, близу Топилница.

Откако инвеститорот ја поднел документацијата, минаа два месеци додека ја доби ,,Б,, интегрирана дозвола. Иако општината велеше ќе се работи најбрзо, во интерес на граѓаните, процесот се одолговлечи - велат велешките екологисти. 

Општина Велес ги обезбедува сите услуги и по е-пошта согласно измените на Законот за општа управна постапка.     

 

“ГО и Медиуми против корупција- Коалиција за нулта толеранција” поддржан од ЕУ а го спроведуваат ТМ и НВО Инфоцентар.

Оваа истражувачка сторија е изготвена со финансиска поддршка од Европската Унија. За содржината на сторијата единствено е одговорен авторот и таа не мора да ги одразува гледиштата на Европската Унија.  


 

Проектот е финансиран од Европската Унија

loading...

Поврзани »

loading...

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали 8-то место на ФК Борец во Првата лига ги задоволи вашите очекувања?

  • да
  • не
  • можеше и подобро
Резултати