Општината со 1,3 милиони денари ќе набави таблети за учениците кои немаат можност да следат онлајн настава

Петар Печков

Откако пред еден месец локалната власт набави лаптопи за наставниците кои немаат вакви средства, за да ја изведуваат онлајн наставата, на четврточната седница на Општинскиот Совет, одлучи да набави таблети за учениците.

Од Општинскиот Буџетза оваа  намена се издвоени 1,3 милиони средства со точна кој итно е ставена на дневниот ред.  Набавката на таблети е за ученици од училиштата  во општината кои живеат во социјално ранливи семејства.

Таблетите што ќе ги набавиме ќе им бидат дадени на училиштата и тие со реверс ќе можат да им ги дадат на користење на учениците кои немаат. Така ќе може да се подобри следењето на наставата и учењето на децата“, кажа градоначалникот Коцевски.

Во октомври локалната власт објави дека  шест основни и четирите средни училишта во велешко без уред за следење онлајн настава беа  535 ученика во основно и   157 во средно, или вкупно  692 ученици. За потсетување настава во велешко посетуваат  6.647 ученика,  4.503  ученици во основно и 2.144 во средно.

Од буџетот на Општина Велес била  издвоени 150. 000 денари за набавка на кислородни концентрати за потребите на ковид центрите во општата Болница Велес.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Како да се надмине состојбата со големиот број заразени лица, позитивни на ковид-19?

  • зголемување на казните за не носење маска
  • затворање на одредени градови, општини со голем број заразени лица
  • повторно воведување полициски час
Резултати