Општина Велес распиша јавен повик за лаптопи само за наставниците, но не и за учениците кои немаат уреди за следење на наставата онлајн

Петар Печков

Десет отсто од учениците во велешките основи и средни училишта  не можат да ја следат наставата оти немаат уреди за следење на  онлајн наставата, додека секој трет наставник во велешко нема можност да изведе онлајн предавање оти нема компјутер, лаптоп. Ова се податоците кој ги соопшти градоначалникот на Општина Велес.  Локалната власт ќе ги обезбеди просветните работници со лаптопи.

Број на уреди што недостига во училишта е 300,  во основно  208  а во  средно образование  92.

Со училиштата се договоривме да направиме заедничка јавна набавка за да предизвикаме поголем интерес кај добавувачите и да постигнеме поповолна цена за сите вакви уреди за сите основни и средни училишта и таа е во тек - изјави градоначалникот  Аце Коцевски.

На новинарското прашање за кого се предвидени овие уреди, тој дополни дека се за наставниците.

Во шест основни и четирите средни училишта во велешко настава посетуваат  6.647 ученика,  4.503  ученици во основно и 2.144 во средно, без уред за следење настава се 535 ученика во основно и   157 во средно, или вкупно  692 ученици.

Поврзани »

АКРЕДИТИВ ДООЕЛ
Друштво за сметководствени
услуги и финансиски консалтинг.
Тел: 071 390 738; 078 375 014
akreditiv14@gmail.com


АНКЕТА »

Дали состојбата со ковид-19, го промени начинот на живот кај Вас?

  • да
  • не
Резултати