Петар Печков
Објавено: четврток, 02 октомври 2025
На Технолошко-технички факултет Велес со дисперзирани студии во Кичево и Битола, при Универзитет ,,Св. Климент Охридски" Битола, се одржа првиот академски час со новите студенти бруцоши во академската 2025/2026 година.
Свое обраќање имаше деканот вонр. проф. д-р Везирка Јанкулоска која истакна дека студентите - идните инженери и нутриционисти започнуваат едно ново поглавје во животот, исполнето со предизвици, академско патување кое ќе ги оформи како стручњаци но и како личности кои ќе носат одговорност за храната, исхраната, здравјето и иднината на општетството. Од името на наставниот и административен кадар на Факултетот, им посака успешна академска година.
„По завршување на своето академско образование ќе нудите решенија за соочување со глобалните предизвици - од одржливо производство на храна, преку борбата со климатските промени, до потребата од здрави навики и правилната исхрана. Како инженери ќе имате должност и чест да придонесат кон подобро општество - со иновации во производството, со грижа за квалитетот на храната, со промоција на здрави навики. На своето академско патување да сте храбри, упорни, критички да мислите, да истражувате, да поставувате прашања но и да барате одговори и заедно со професорите да изнајдете соодветни решенија за предизвиците “ – кажа Јанкуловска.
На бруџошите им се обрати и продеканот за настава на Технолошко-техничкиот факултет – Велес, проф. д-р Викторија Стаматовска.
„Факултетот е место каде што младите не само што стекнуваат знаења и вештини, туку и се развиваат како личности подготвени да придонесат во општеството. Наставата се реализира преку современи методи, лабораториска работа и практична обука во институции и компании. Со труд, дисциплина и упорност, овие студирањето ќе ве доведе до моментот кога ќе се стекнете со дипломи – доказ за вашето знаење, посветеност и постигнувања, но и патоказ кон идните професионални успеси“ порача проф. д-р Стаматовска.
Таа изрази верување дека студентите ќе ги искористат сите можности што им се нудат – во наставата, во истражувањата и во студентскиот живот – и им посака успешна и инспиративна академска година.
Редовениот професор д-р Весна Антоска Knights, продекан за наука и меѓународна соработка при Технолошко-техничкиот факултет – Велес истакна дека тој претставува место каде науката, практиката и иновациите се сретнуваат. ТТФ-Велес располага со современи лаборатории и прехранбено-технолошки центар, што овозможува силна основа за научно-истражувачка работа и развој на нови технологии.
Професорката Антоска Knights ги повика студентите активно да се вклучат во лабораториската и истражувачка работа на факултетот. Посебно внимание беше посветено на тековниот научно-истражувачки проект на факултетот финансиран од Министерството за образование и наука: „Математички модели во машинско учење за паметно земјоделство и храна со повисока додадена вредност“, каде што главен истражувач е ред. проф. д-р Весна Антоска Knights. Според неа, мисијата и визија на ТТФ – Велес е создавање квалитетен кадар и промоција на науката и технологијата.
На свеченоста на студентите им беа доделени индексите.
Студентите ги посетија лабораториите, ги разгледаа опремата и можностите кои ги нуди факултетот, за нивно унапредување во идни инженери по прехранбена технологија и нутриционизам.
фото:ФБ- ТТФ Велес