Родителите менуваат фиктивно адреси на живеење, за да ги запишат децата во прво одделение во посакуваното училиште

Петар Печков

Во периодот од четири месеци мај- август, кога беше во тек уписот на првоодделнците во велешките основни училишта, 293 велешани ги смениле адресите на живеење. Тоа е за 63 повеќе отколку во првите четири месеци од годинава јануари-април. 

Според евиденцијата на училиштата во Велес, родители на шеесетина деца кои требаше да се запишат во прво одделение, приложиле документација дека живееат на адреса кој припаѓа на друго училиште а не на реонот каде треба да учи детето.

Родителите, по најавата пролетва дека ќе има строго почитување на реонизацијата, упис на детето по адреса на живеење во  подрачното училиште, почнале фиктивно да се селат од една на друга адреса, која припаѓа на училиштето каде сакаат детето да учи.

Овој зголемен број од 60-тина промени на адреси во СВР Велес, во вториот квартал од годината, се поклопува со бројот на родители  кои ја промениле адресата на живеење, за  нивните деца како ученици да учат во друго посакувано  училиште.

„Се менуваат лични карти, од местото на живеење, на блиски, родители, браќа, сестри, некој кој живее блиску до школото кое е по нивна желба, се со цел  детето да се образува каде тие сакаат. Не се избира начин како ја исполнат целта“ – вели просветен работник од Велес.  

Така од подрачното училиште во Превалец, а каде требало да се запишат 13 деца во прво одделение, четири се исселиле од државата поради заминувањето на родителите, од 9-те кои требало да одат во прво одделение, само три посетуваат прво одделение, откако шест по промената на адресата на родителот, заминале да учат во Велес, иако сите во населбата знаат дека и натаму се со место на живеење во Превалец. 

„Во период од 01.01.2025 до  30.04.2025 година, 229 граѓани извршиле промена на место на живеење и смениле адреса  во лична карта, а во период од 01.05.2025 до 31.08.2025 година, 293 граѓани извршиле промена на место на живеење и смениле адреса во лична карта“ – одговорија од СВР Велес, на поставеното прашање, за бројот на промени на лична карти, поради нова адреса на живеење, во првите осум месеци годинава.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Чиј настап на Питијадата најмногу ви остави впечаток?

  • Калиопи
  • Северина
  • Бајага
Резултати