Остварена е средбата на градоначалникот со командирот на сообраќајната полиција, кои проблеми кои се констатирани за решавање

Петар Печков

Реализирана е средбата со новиот командир на сообраќајната полиција, Трајче Мечалов, кажа градоначалникот Марко Колев.

Тој ја најави  средбата на претходната седница на Советот, по реакциите од граѓаните и советниците а поради потреба од решавање на проблемите со   сообраќајот во градот, кои се големи и сериозни.

На средбата  констатирани биле  неколку проблеми, чии решенија се итно потребни.

„Да се ослободат паркинг местата за легалните таксисти, за да може да се паркираат каде им е местото а не обележаниот паркинг простор да биде зафатено од други возачи. Тие треба да бидат казнувани согласно непочитувањето на сообраќајните правила и прописи. Сообраќајниот метеж при носењето и земањето  на деца на училиште во ОУ Блаже Коневски.  Проблемот со учениците при големите одмори во Коле Неделковски, Димитрија Чуповски, Гимназијата, се зборуваше и за решавање на паркирањето на улицата кај ДОЗ, кај кафаената Даце. Секако и паркирањето кај Комерцијална банка на платото, ако не се преземе нешто од нив-сообраќајната полиција, тогаш ние како локална самоуправа ќе поставиме некаква физичка бариера, но и да овозможиме пристап за СЕТЕК. Првично се договоривме да не се казнува за сообраќјните прекршоци, туку превентивно да се делува. Ако не се почитува ред, тогаш ќе се казнува. Останува да видиме што ќе преземе сообраќајната полиција. Им понудив, ги поканив да дојдат на седница на Совет, да ги слушнат изворно проблемите“ – кажа градоначалникот Марко Колев.

Поврзани »

АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Во периодот од 1ви до 15ти Септември годинава ќе се спроведе акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата. Оваа услуга е бесплатна за граѓаните. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават во сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот, на следните броеви: 043/233-768 или 075 498 551 и 071 229 986. Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати