Осум месеци затвор за сообраќајката за Нова година лани

Петар Печков

Осум месеци затвор и три години забрана за управување на возило со ,,Б,, возачка дозвола, доби Тоше Темелковски (34 год) од Велес,  откако беше прогласен за виновен за сообраќајката која се случи на Нова година, лани.

Тој ја призна вината за кривичното дело ,,тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот,,  по што судијата Шефшет Адеми ја изрече  казната. 

Во сообраќајката која се случи на 1-ви јануари 2018-та година, во 3,30 ч. тешко беа повредени Филип Камчев, Кристијан Кимовски и Борис Даев, сите тогаш 18 годишници кои се враќале дома  од дочекот на Новата година. Тие се здобија со тешки повреди и беа префрлени на Клинички во Скопје. 

Според обвинението Темелковски управувал автомобил ,,фиат пунто,, возел со брзина од 67 км/ч. поголема од дозволените 40 км/ч, во крвта му биле измерени 1,3 промили алкохол а тројцата пешаци кои беа тешко повредени биле на тротоар.  Обвинетиот кој го призна делото, во плач кажа дека искрено жали и се кае за стореното.

Живеам две години со грижа на совест и го преживувам моментот. Се извинувам на сите, момчињата и нивните родители - кажа Темелковски.

Неговиот адвокат Валентин Зафиров побра поблага казна оти обвиениот бил исклучително чесен и сочувствителен и ги обештетил оштетените момчиња.  

Обвинителката Аделина Станинова  побара казна согласно пропишаниот Закон и жали што не може да сведочат момчињата, да кажат што се минале низ животот и какви трауми имаат од таа кобна ноќ, која им го заврти  животот. Судијата Адеми  ги праша и оштетените, што со обвинетиот, тие беа едногласни дека ,,секој да добие казна која ја заслужува,,.  

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати