Отворена изложба на дела од Јордан Ѓорчев во Велес

Петар Печков

Вчеравечер во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложбата „Храбриот нов свет“ на авторот Јордан Ѓорчев. Пред јавноста во Велес, тој се претстави со 30 дела акрил на платно, создадени минатата година. Ѓорчев, кој е дипломиран правник е и книжевник, карикатурист.

„Ова што јас го творам, спаѓа во апстрактен експресионизам, актуелен после Втората светска војна, посебно во САД.Овој правец и денес е актуелен и најмногу популарен. Моите афинитети се токму од овој вид сликарство. Сето ова што јас го работам е уживање во творењето, дел од природата на еден човек“ – кажа Ѓорчев.

Промотор беше поетот Христо Петрески.

„Ѓорчев е пред се писател, потоа карикатурист, па сликар. Овие 30 апстракции се убав пример за асоцијативно сликарство. Во овие ликовни дела има многу поезија, многу лирика, изразит колирит, кој е израз на чисти и јарки бои. Ова се дела кои се создаваат импусливно во еден миг, па и самиот автор е изненаден од тоа што го создал.  За овие слики  не станува збор за претходни концепти, за претходни скици, туку за желба, копнеж, мечта. Освен иницијалната каписила на почетокот, се натаму е неизвесно и резултат на еден спонтанитет, кој е современ, актуелен. Го поддржувам Ѓорчев да продолжи да истражува со мешањето на боите, со техниките, бидејќи раката е трансимсија на умот“ – кажа Петревски.  За делата на Ѓорчев говореше и професорот по есетика Кирил Трајчев.

„Изложбата на Ѓорчев е ретка можност македонската публика да види, можеби заборавен или редок, запоставен стил на цртање, апстрактен импресионизам. За македонската ликовна сцена изложбата е освежување, публиката има прилика да се соочи, да биде сведок на слики, кои се наколенети кон апстракцијата“ – кажа    Трајчев.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали се согласувате улицата 8 Септември да биде пешачка зона oд Сармаале до Коњаникот?

  • Цел ден
  • Само во текот на летото во одреден дел од денот
Резултати