Фестивалот на фолклор „Велес 2024“ започна, учествуваат 500 играорци од девет држави и 20 ансамбли (фото видео)

Петар Печков

Повеќе од 500 учесници од 20 ансамбли, четири дена низ Велес  го шират звукот на фолкорниот мелос и боите на народните носии од десетина држави од светот.

Вчеравечер, среда беше отворен 19 меѓународен фолклорен фестивал Велес 2024, настан кој има најголема посетеност и најголем интерес во градот за една градска манифестација. Фестивалот ќе се одржува до сабота вечер. Беше отворен со соло настап на гитаристот Петар Марков Маруш, кој на гитара ја изведе националната химна „Денес над Македонија“.

„Од годинава  фестивалот е дел од Светската организација на фолклорни фестивали ЦИОФФ. Иако тој е од меѓународен карактер и го презентира фолклорот  на сите земји учеснички, тој е најголем промотор на македонската култура и традиција“ – кажа Томе Јаневски, претседател на организациониот одбор на манифестацијата. Годинава фестивалот го отвори министерот за култура Зоран Љутков, што е за прв пат од основањето, овој чин да се случи на вака високо ниво.

„Нема ништо поубаво од тоа од генерација на генерација да се пренесува сето она културно наследство што нè идентификува, што нè прави посебни и препознатливи во европскиот, но и во светскиот културен мозаик. Секоја држава, секоја култура е посебна токму поради шаренилото на културните вредности што имаме обврска да ги чуваме, да ги негуваме и да ги пренесеме на идните генерации“ – кажа Љутков.

Организатори на фестивалот се  фолклорните друштва Керамичар, Коле Неделковски и Вила Зора сите од Велес, кои 18 години наназад се вложуваат во манифестацијата.

Учествуваат играорци од  Србија, Турција, Романија, Украина, Австралија- две друштва на македонските иселеници, Црна Гора, Словачка, Полска и Македонија.  Се одржува во амфитеатарот од Младински парк, со почеток од 20,30ч.

Бидејќи за фестивалот има голем интерес и уште од 19ч. гледалиштето е преполно, организаторот одлучи во терминот пред официјалниот почеток, да настапат синоќа децата од градинките, пред отворањето а следните три дена, подмладокот на трите фолклорни ансамбли од Велес.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА ФАРМАЦЕВТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Фармацевт во оддел за обезбедување на квалитет Детали

РОНТИС ВРАБОТУВА АСИСТЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА КВАЛИТЕТ

Швајцарската мултинационална компанија РОНТИС, активна во областа на производството на лекови и медицински помагала, во фабриката во Велес има потреба да вработи: Асистент за контрола на квалитет

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Откако Србија и Хрватска го вратија задолжителниот воен рок, во Грција и Турција е исто така задолжителен , дали во Македонија треба да има задолжително служење војска?

  • да
  • не
Резултати