По 21 пат во Велес Фестивалот на античка драма, со пет претстави во официјална програма

Петар Печков

Првата седмица на октомври во Велес ќе ја одбележи новото издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Годинава тој се одржува по 21 пат во перидот од 30 септември до 5 октомври.

Публиката ќе има можност да види пет претстави во натпреварувачка категорија, плус една во придружната програма. На доделувањето на наградите на 10 октомври ќе настапи ансамблот „Танец“.

„Фестивалот се потврдува како еден од најважните естетички полигони, на кој своите поетики ги презентираат исклучителни автори и претстави, што го прави фестивалот мост за меѓународна комуникација, преку кој патуваат и патуваме сите. Фестивалот станува одлична платформа за културолошка размена“ – рече Сашо Димоски, селектор на годинашната програма.  

Фестивалот понеделник го отвора претставата „Цар Едип“ на Народен театар Сараево во режија на Диего Де Бреа, вторник е гостувањето на  театарот Маладип од Будимпешта со претставата „Пенелопиада“ во режија на Жолтан Балаз. За среда на програмата е претставата „Мир“ на театарот „Идиоти“ од Сеул - Јужна Кореја во режија на Ли Сангмунг. Четврток е претставата, дуо драмата „Нерон“ во режија на Ѓорѓи Ризевски,  копродукција со МКЦ и во сабота е „Едип и пророците“ во режија на Дијана Добрева  на Драмскиот театар од Пловдив. Петок на 4 октомври е претставата  „Античка драма, монолози и   сцени“ на Универзитетот Прима Европа од Скопје, која е во придружна програма.

„Дваесет години уживаме во претставите работени на текст од антички автори. Доаѓаат театри од светот а публиката е задоволна од тоа што може да го види. Традицијата продолжува“- кажа  Жарко Спасовски директор на велешки театар, институција која ја организира културната манифестација, специфична по својата содржина.

Фестивалот ќе биде затворен со целовечерен концерт на Ансамблот „Танец“ со нивната програма „75 години Македонски КОД“. Вечерта ќе бидат доделени и наградите, Грани при за претстава во целост, за режија и за женска и машка ролја. Жирито е во состав Владимир Милчин-претседател, Маја Љутков и Ненад Витанов.

„Велес изобилува со различни настани од областа на културата. Така е и со Фестивалот на античка драма Стоби.Ја поканувам публиката да додје и ги погледа претставите, кои со сигурност ќе ги пленат“- рече Марко Колев градоначалник на Велес. Општина Велес и Министеството за култура  ги обезбедија средствата за основите финасии на манифестациајта.

На 21 издание на ФАД Стоби ќе настапат театри од БиХ, Унгарија, Бугарија, Јужна Креја и Македонија. Претставите ќе се изведат на сцените од Велешки театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ бидејќи античкиот театар во Стоби е во фаза на реконструкција.

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии
Оператори за производство на црева (оддел за екструзија) Детали

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Дали намалените цени со новогодишната потрошувачка кошничка се помош за домашниот буџет

  • да
  • не
  • зависи висината на платата/пензијата
Резултати