Отворен Мотелот Рибник Нежилово

Петар Печков

Започна со работа  Мотелот Рибник Нежилово, откако тој вчера беше свечено отворен. Изграден е во истоименото село во пазувите на планината Јакупица. Тој располага со 16 соби, 65 кревети, два апартмани, сала за семинари за сто посетители, рибен ресторан. Сопственикот Трајче Димов смета дека со овој објект ќе даде дополнителен развој на туризмот во регионот на Азот.

Мотелот е сместен покрај реката Бабуна,  на патеката за  врвот Солунска глава на неколку километри од селото Богомила. Рибникот Нежилово е меѓу најпознатите брендови на Азот и во него доаѓаат гости од сите краишта на Македонија на калифорниска и златна пастрмка. Локалната самоуправа на општина Чашка како еден од главните недостатоци на развојот неодамна го потенцираше недостатокот на сместувачки капацитети.

Поврзани »

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати