Членовите на идниот Совет, ќе носат одлука за цената на ѓубрарината, за која се жалеа стопанствениците од Велес

Петар Печков

Иницијативата за тарифа за собирање и транспорт на  комунален отпад да се определува врз количеството и видот на отпад и истата да се утврдува  во денари по  метар кубен за сите правни субјекти, барање на стопанствениците од Велес, беше образложено од страна на нивен претставник, пред членовите на Советот, на денешната седница.  Никола Тодоровски претставник на подносителите, кажа дека постојната е штетна по компаниите во градот.  

„После две години од носењето на одлуката, овде во Советот, решивме да дигнеме глас и да кажеме дека ова што се случува со наплатата на отпадот, е неправедно. Таа влијае на работата но и на сите следни инвестиции и инвеститори. Под овие услови, ниту една фирма нема да инвестира, ќе оди во друга општина. Со оваа одлука не се стимулира рециклирањето. Секој може на исто место да ги фрли стакло, комунален отпад, хартија, пластика, бидејќи плаќа по метар квадратен. Со ова се оди против екологијата, таа се погазува. Донесете одлука како поединци а  не како партија. Вашите деца живеат овде и јадат леб од овие фирми. Ако ги нема фирмите, нема ништо“ рече Тодоровски претставник на фирмата Јоопоне во Велес.

Стопанствениците нивните барања ги забележаа во четири точки, едната од нив е да се плаќа денари по метар кубен за извршена услуга.   Втората, ретроактивно, од денот на донесување на одлуката да се изврши ревизија на сите испратени фактури од страна на ЈКП Дервен, и нивна корекција. Или на сите фирми на кои им се фактурирала ѓубрарина,  по денар од метар кубен да биде денар по метар квадратен. Сите досега доспеани фактури   да се сторнираат и издадат нови. Ова според познавачите, ќе биде најтешко применливиот дел од барањата.

Стопанствениците најавија дека ако барањата не се прифатат, тие ќе одат правдата да ја бараат на суд, како што некои од нив го сторија или ќе престанат со плаќање на ѓубрарината. 

Со одлуката на Советот донесена на јуни 2023 година,  имаше случаи на  бројни деловни објекти кои располагаат со голема површина, но имаат ограничена активност, да создаваат мала количина отпад, за којшто се обврзани и плаќаа високи месечни суми, пресметани според квадратура. Во исто време, мали, но интензивно оперативни субјекти генерираа поголем обем на отпад, но поради мала површина, плаќаат значително помалку. 

„Ова го прави нерамномерен и неправеден актуелниот систем на наплата со повреда на принципот на еднаквост меѓу корисниците на јавната услуга, создава економско незадоволство и отпор кај деловната заедница, го намалува стимулот за подобрување на системот за управување со отпад и предизвикува недоверба во начинот на пресметка и наплата“ – пишува во писмото од бизнис заедницата кое е испратено до Советот на Општина Велес. Тоа е потпишано од 60 поголеми стопански субјекти во Велес. 

По оваа точка, беше донесен заклучок,  на третата седница од следниот нов Совет кој треба да се формира во ноември,  да се разгледува одлуката за цената на собирање и транспорт на сметот од 15 јуни 2023 година, бидејќи на првата седница  се конституира Советот, на втора седница  комисиите, а на третата да се расправа за ѓубрарината.

Ова е така, бидејќи започна предизборниот период и Советот не може да носи одлуки за корекција на цените. Уставен суд одлучувајќи по одлуката од февруари 2023 година,  не  повел  постапка за цената на  ѓубрарината. 

Поврзани »

РОНТИС ВРАБОТУВА

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес, која е дел од Швајцарска мултинационална корпорација активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала има потреба да вработи:
Техничар за одржување
Магационер
Оператори за производство на крвни линии

Квалитет на воздухот во Велес


АНКЕТА »

Како ги поднесувате пеколните температури, кои стасаа до 41 степен?

  • не излегувам од дома
  • се освежувам во базените од хотелите/ градски базен
  • додека е рано претпладне се завршуваат обврските
  • и на ова време мора да се живее
Резултати