Петар Печков
Објавено: четврток, 07 мај 2026
Државното средно училиште „Коле Неделковски“ имаше денес отворен ден, каде учениците и професорите ги презентираа нивните можности и капацитети за образование. На штандови во кабинетите беа презентирани сите насоки во образовниот процес кои ги има оваа средношколска образовна институција.
„На завршните ученици од деветто одделение им даваме помош, насока каде можат да го продолжат нивното образование. Ги презентиравме нашите образовни профили, нашите струки кои се изучуваат во училиштето, машинската, угостителската, сообраќајната и електро-техничката. Имаме и со трет степен образование. Можеби е нескромно, но сме меѓу најдобрите не во регионот, туку во државата. Посетителите можеа да ги посетат кабинетите, кои се опремени со потребни наставни помагала за совладување на наставната програма како и изворно да слушнат што ќе учат. Ангажирани се и професорите од секоја струка но и ученици. Презентацијата ја прават токму самите ученици, колегите се поддршка. Имаме четири дуални паралелки, каде за посета на овие струки учениците добиваат паричен надомест од државата. Тие учат на училиште три дена теоретска настава а два дена во фирмите каде ја изведуваат практичната настава, учење преку работа“ – кажа директорот Горан Богоевски директор на ДСУ РЦ Коле Неделковски.
На гости беа сите ученици од деветто одделение од седумте основни училиште во велешко, и од соседните општини Лозово, Градско и Чашка но и од Росоман.
